недела, 7 јули 2024

Израел присвои рекордна површина од палестинската територија

Израел прогласи површина од 1.270 хектари на Западниот Брег за „државно земјиште“, што е рекордна површина на палестинска територија во последните 30 години што истовремено беше признаена како државна земја на Израел, според израелската организација за права „Шалом ашхав“ („Мир — сега“).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на оваа организација, која ги следи активностите на израелските доселеници на Западниот Брег, се нагласува дека израелската практика на прогласување територии за државна сопственост е „еден од основните методи со кои државата Израел настојува да ја консолидира контролата врз делови од окупираните територии“.

Организацијата исто така нагласи дека израелските власти оваа одлука ја донеле на 25 јуни, но дека таа официјално била објавена дури на 3 јули.

„Земјиштето што е прогласено за државно повеќе не се смета за приватна сопственост на Палестинците. Тие се лишени од можноста да ја искористат. Покрај тоа, Израел државното земјиште ќе им го изнајмува исклучиво на Израелци“, се вели во соопштението.

Во него се наведува и дека значителен дел од оваа територија од 1.270 хектари што беше прогласена за државно земјиште „претходно беше дефиниран како национален парк и пожарна зона за воена употреба“, а со прогласувањето на „оваа област за држава“ завршува процесот на „израелско освојување“ на оваа територија.

Доселеничката активност на Израел на Западниот Брег е еден од главните проблеми во односите на Ерусалим со меѓународната заедница и со палестинските власти. Освен тоа, овие чекори претставуваат една од пречките во потрагата по мир со Палестинците, кои таквото проширување го доживуваат како политика на консолидација на еврејската држава на освоените територии.

Палестинците, како дел од процесот на мирно решавање на конфликтот со Израел, кој сега е запрен, бараат идните граници на двете држави да бидат во границите што постоеја пред Шестдневната војна во 1967 година, со можна размена на територии. Тие се надеваат дека ќе создадат своја држава на Западниот брег на Појасот Газа и сакаат источен Ерусалим да биде нивен главен град. Израел одбива да се врати на границите од 1967 година, особено со Палестина да го дели Ерусалим, кој веќе го прогласи за вечна и неделива престолнина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ