сабота, 27 јули 2024

Израел предлага прекин на огнот, но високите лидери на Хамас да го напуштат Појасот Газа

Израел им предложи на високите лидери на Хамас да го напуштат Појасот Газа како дел од поширокиот договор за прекин на огнот, изјавија за Си-ен-ен двајца претставници запознаени со преговорите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа би овозможило безбедно заминување на лидерите на Хамас, кои ги организираа нападите врз Израел на 7 октомври, а доколку Газа остане без нив, моќта на екстремистичката организација на палестинската територија ќе биде ослабена и Израел ќе може да им влезе во траг во странство.

Во посебен извештај на Аксиос се вели дека Израел предложил двомесечен прекин на огнот како дел од договорот за ослободување на заложниците.

Извештајот е објавен откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот на Хамас за прекин на војната во замена за ослободување на заложниците соочен со сѐ поголемиот притисок на јавноста да се вратат заложниците дома.

Израелските медиуми утринава објавија дека шефот на Мосад Наум Барнеа предложил лидерите на Хамас да заминат од Газа во егзил како дел од поширокиот договор за прекин на огнот.

Си-ен-ен објави дека Барнеа го спомнал тоа на состанок во декември во Варшава со директорот на ЦИА Бил Барнс и катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен го спомнал тоа во Доха на почетокот на јануари.

Еден функционер рече дека катарскиот премиер му рекол на Блинкен дека идејата никогаш нема да биде спроведена бидејќи Хамас не верува дека Израел ќе ги прекине воените операции откако лидерите на организацијата ќе ја напуштат енклавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ