сабота, 27 јули 2024

Израел повторно нападна шаторски камп, има загинати

Најмалку 21 лице загина денеска, десетици луѓе се повредени во нов израелски напад врз населбата Ал-Маваси во западниот дел на градот Рафа на југот на Појасот Газа, пренесува Ал џезира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Новинарка на Ал џезира од терен објави дека меѓу загинатите има најмалку 13 жени. „Израелските сили нападнаа уште еден импровизиран шатор каде повеќето луѓе беа жени и деца“, објави новинарката Хинд Худари. Таа истакна дека во Рафа нема повеќе функционални болници.

„Во Рафа нема болници. Сите повредени и телата се префрлени во Меѓународната болница на медицинскиот кор. Нема брза помош“, истакна Худари.

Ал-Маваси е безбедна хуманитарна зона, оддалечена 20 километри од Рафа, во која израелските власти им порачаа на Палестинците да се евакуираат.

Во претходниот израелски напад врз бегалски камп во Рафа во неделата, загинаа најмалку 45 лица, главно жени и деца, додека над 250 Палестинци беа ранети.

Нападот се случи во близина на логистичката база на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во Тал ал-Султан, овој потег на Израелците беше осуден од меѓународната заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ