сабота, 27 јули 2024

Израел ослободи четворица заложници кои беа киднапирани на фестивалот пред осум месеци

Израелските сили во саботата спасија четворица заложници од централниот дел на Појасот Газа, соопшти армијата.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Четворицата заложници, тројца мажи и една жена, беа киднапирани на 7 октомври од музичкиот фестивал Супернова во близина на заедницата Реим во јужен Израел. По ослободувањето тие се пренесени во болница на лекарски прегледи, пренесува Ројтерс.

Според сѐ уште неофицијални информации, спасени се една девојката Ноа Аргамани и Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив.

Специјалните сили истовремено извршија рација на две локации на Хамас во центарот на Газа, во Нусејрат. Аргамани е спасена на една локација, а Меир Јан, Козлов и Жив на друга локација.

Спасените заложници се во добра состојба, според првичните лекарски проценки. Тие се пренесени во болницата Тел Хашомер на понатамошна евалуација.

Тешки воздушни напади беа извршени на локации што ги држи Хамас за поддршка на копнените трупи. Здравствените власти на Хамас известија за „голем број жртви“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ