сабота, 27 јули 2024

Израел: ОН да преземат акција против Иран

Објавено на

часот

Сподели

Иран е најопасната светска закана и Обединетите нации мора веднаш да преземат мерки против него, кажа израелскиот амбасадор во ОН, Рон Просор, пред Советот за безбедност во Њујорк, јавува Џерузалим пост.

„Никогаш не било појасно дека Иран се обидува да направи нуклеарно оружје“, изјави Просор на состанокот на темата „Ситуацијата на Средниот Исток и палестинското прашање“.

„Сега е моментот да се дејствува. Утре ќе биде предоцна. Влогот е премногу голем. Цената што ќе ја платиме за инертноста е премногу голема“, изјави тој.

Просор го цитираше последниот извештај на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, во кој се тврди дека нема сомнеж дека Исламската Република се обидува да направи нуклеарно оружје. Тој кажа дека обидите на Техеран да збогати ураниум во реакторот во Ком нема никаква друга реална цел освен за развој на атомска бомба.

Израелскиот дипломат го прекори и палестинскиот религиозен лидер Мухамед Хусеин, кој во телевизиска проповед им кажал на верниците дека убивањето Евреи е света цел за муслиманите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ