четврток, 26 декември 2024

Израел официјално ги извести ОН за откажувањето на договорот со УНРВА

Израел денеска официјално ги извести ОН за откажување на договорот со Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), соопшти израелското Министерство за надворешни работи по одлуката на парламентот кој гласаше за прекин на соработката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според инструкциите на министерот за надворешни работи, Израел Кац, Министерството за надворешни работи ги информираше ОН за откажување на договорот меѓу Државата Израел и УНРВА“, се вели во соопштението.

Израел долго време ја критикуваше УНРВА, основана по војната во 1948 година, која избувна во времето на создавањето на Државата Израел, обвинувајќи ја за анти-израелска пристрасност.

Од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, Израел тврди дека Хамас во Газа длабоко се инфилтрирал во организацијата, обвинувајќи ги некои од нејзините оперативци за вмешаност во нападот врз Израел на 7 октомври.

Законот ги вознемири Обединетите нации и некои западни сојузници на Израел, кои стравуваат дека дополнително ќе се влоши и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа, каде Израел веќе една година се бори со милитантите на Хамас. Забраната не се однесува на операции на палестинска територија или на други места.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, во изјава рече дека и покрај огромните докази што „ние ги поднесовме до ОН кои нагласуваат како Хамас се инфилтрирал во УНРВА, ОН не направија ништо за да се справат со оваа реалност“.

Законот директно не ги забранува операциите на УНРВА на Западниот Брег и Газа, кои, според меѓународното право, се надвор од државата Израел, но под израелска окупација.

Но, тоа сериозно ќе влијае на способноста за работа во тие области и предизвика тревога кај хуманитарните групи и многу од партнерите на Израел.

Израелското Министерство за надворешни работи најави дека ќе се прошират активностите на другите меѓународни организации и дека „ќе се направат подготовки за прекин на врските со УНРВА и зајакнување на алтернативите на УНРВА“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ