петок, 26 јули 2024

Израел одреди датум за инвазијата на Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа денес дека е одреден датумот за израелската инвазија на Рафа, последното засолниште за раселените Палестинци, додека во Каиро се одржува нов круг преговори за прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес добив детален извештај за разговорите во Каиро, постојано работиме на постигнување на нашите цели, а пред сè на ослободување на сите наши заложници и постигнување целосна победа над Хамас“, кажа Нетанјаху.

„Оваа победа бара влегување во Рафа и елиминација на тамошните терористички баталјони. Тоа ќе се случи, датумот е одреден“, кажа тој.

Изјавата на Нетанјаху следи набрзо откако десничарските екстремистички фракции во коалициската влада извршиле притисок војната на Израел во Газа да продолжи.

„Ако премиерот одлучи да ја прекине војната без поширок напад на Рафа за решително да го порази Хамас, нема да има мандат да остане премиер“, порача министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир на социјалната мрежа Икс.

Министерот за финансии Безалел Смотрич од екстремистичката десна партија Верски ционизам повика во соопштение на итен состанок на израелскиот воен кабинет, „по повод извештајот за крај на војната“.

И покрај жестокото меѓународно противење, Израел со недели упорно планира копнена офанзива на градот Рафа на југот на Газа, каде повеќе од милион Палестинци се засолнија од нападите на израелската војска во другите делови на опколената енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ