сабота, 21 декември 2024

Израел објави снимка од напад на Бејрут, тврди дека убиле еден од основачите на Хезболах (ВИДЕО)

Израелската војска го нападна денес главниот град на Либан. Во соопштение израелските власти тврдат дека го убиле командантот на воздухопловните сили и еден од основачите на Хезболах.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Објавија и снимка од нападот.

Шефот на една од единиците на воздухопловните сили на Хезболах, Мохамед Сурур, бил убиен денес во израелскиот напад на јужните предградија на Бејрут, јави Ројтерс повикувајќи се на израелски безбедносни извори.

Израелската војска (ИДФ) соопшти на социјалната мрежа Икс дека борбени авиони извршиле напад на Бејрут и дека го убиле Сурур.

Во нападот се убиени уште две лица, а повредена е една жена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ