Поради воениот конфликт, Израел не може да биде домаќин на Европското првенство, поради тоа е донесена одлука за откажување на настанот.
Во соопштението стои и дека во моментов се размислуваат неколку опции за квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, одлуката треба да биде донесена наскоро.
Во ватерполо преку Европското првенство се обезбедуваа места на Мундијалот, но сега ќе треба да се играат квалификации за да бидат пополнети местата на селекциите кои од Европа треба да одат во Катар.
Европското првенство носеше и една карта за Олимписките игри во Катар, па и таа на друг начин ќе биде доделена.