сабота, 27 јули 2024

Израел нареди итна евакуација на град во близина на границата со Либан

Израел нареди евакуација на жителите на Кирјат Шмона, град на северот од земјата во непосредна близина до границата со Либан, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана. Кирјат Шмона има повеќе од 20.000 жители и е на околу два километри од граничната ограда.

Објавено на

часот

Сподели

Либанската војска денеска соопшти дека еден новинар е убиен во престрелка во близина на границата со Израел. Израелската војска објави дека нејзините сили целеле на инфраструктурата на Хезболах и погодиле три лица кои се обиделе да истрелаат противтенковски ракети врз Израел. Што се однесува до обвинението на либанската војска за убиството на новинарот, велат дека го истражуваат случајот.

Хезболах потврди дека истрелал ракети врз израелски позиции во селото Манара, на што Израелците одговориле со гранатирање. Портпаролот на мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ), Андреа Тененти, рече дека еден цивил е убиен во престрелката.

Прекуграничната размена на оган стана речиси секојдневна по 7 октомври, кога палестинската група Хамас изврши напад во јужен Израел, што ја поттикна израелската војска да започне контраофанзива во Газа. Од тој датум, 13 борци на Хезболах се убиени во јужен Либан, соопшти организацијата, која инаку е сојузник на Хамас, која војуваше со Израел во 2006 година.

Според израелската војска, врз нивната земја од Либан биле истрелани две противоклопни ракети кои го погодиле селото Манара, но немало жртви.

Хезболах вели дека е подготвен да влезе во конфликт со Израел, додека израелскиот министер за одбрана пред пет дена изјави дека неговата земја нема намера да води војна на северниот фронт или да ја влоши ситуацијата на границата со Либан, доколку Хезболах се воздржи од напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ