недела, 20 октомври 2024

Израел најави масовно вооружување на цивилите

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир објави дека неговото министерство купува 10.000 пушки за вооружување „цивилни безбедносни тимови“ низ Израел и окупираниот Западен брег, јавува Тајмс оф Израел. Во извештајот се наведува дека пушките, од кои 4.000 се веќе купени, ќе бидат испратени во израелските градови во близина на границите, но и во мешаните еврејско-арапски градови во Израел и населбите на Западниот брег.

Објавено на

часот

Сподели

Бен Гвир е тврдокорен еврејски доселеник кој во минатото е осудуван за поддржување тероризам. Кажа дека оружјето и опремата ќе бидат дистрибуирани „во стотина градови кои имаат безбедносни тимови поврзани со граничните полициски сили на израелската полиција“.

Цивилните безбедносни тимови се грижат за безбедноста во малите градови и заедници, но на Западниот брег понекогаш ги напаѓаа Палестинците.

„Ќе го свртиме светот наопаку за градовите да бидат заштитени. Дадов упатства за масовно вооружување на цивилните безбедносни тимови“, кажа Бен Гвир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ