сабота, 27 јули 2024

Израел најави дека „од вечерва ги засилува нападите“

Израел соопшти дека планира да ги засили нападите на Појасот Газа од сабота навечер, кажа портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари.

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи им се на новинарите и одговарајќи на прашања за можна копнена офанзива на Газа, Хагари кажа дека е потребно максимално да се намали опасноста за израелските војници во иднина.

„Ќе ги продлабочиме нападите за да ги минимизираме опасностите за нашите сили во следните фази на војната. Од денес ќе ги засилиме нападите“, кажа тој.

Ројтерс пренесува дека Хагари ги повторил своите повици до жителите на Газа да се евакуираат на југ.

Досега околу 700.000 Палестинци се повлекле на југот на Појасот Газа по повиците за евакуација на цивилите, соопшти денес израелската војска.

Цивилите кои останале во градот Газа и северниот дел на палестинската енклава би требало да се преселат јужно од резерватот Вади Газа за сопствена заштита, порача Хагари претходно во телевизиско обраќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ