Нетанјаху кажа дека деценискиот договор пропаднал и дека сириските трупи ги напуштиле своите позиции, што „барало израелско преземање на контролата“.
היום בגבול סוריה: זה יום היסטורי בתולדות המזרח-התיכון. לא נאפשר לשום כח עוין להתבסס בגבולנו. pic.twitter.com/9RUuikfKS5
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) December 8, 2024
Израел ја зазема Голанската висорамнина во 1967 и подоцна ја анектираше.
Меѓународната заедница Голанската висорамнина ја смета за окупирана сириска територија.
Израел соопшти денес дека од почетокот на конфликтот со Хезболах во Либан се неутрализирани 25 оперативци на таа група. Израелската војска е сè уште распоредена во таа земја и има рок да се повлече до крајот на јануари според договорот за прекин на огнот.