сабота, 27 јули 2024

Израел ја заврши најголемата офанзива на Западниот Брег во последните две децении

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот израелските сили убиле најмалку 12 Палестинци, а раниле повеќе од 100. Еден израелски војник е убиен од огнено оружје, соопшти армијата нешто по полноќ, без да даде повеќе детали. Градот во вторникот беше место на жестоки вооружени судири, а видео снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како во градот е гаѓан конвој воени возила.

Додека војниците го напуштаа Џенин, најмалку седум лица беа ранети во напад со автомобил и ладно оружје во Тел Авив. 20-годишен палестински напаѓач од окупираниот Западен Брег влетал со возило во група луѓе, а потоа го продолжил нападот вооружен со нож. Напаѓачот бил убиен од вооружен цивил, соопшти полицијата. Хамас тврди дека напаѓачот бил нивен член и дека нападот бил „чин на самоодбрана среде ционистичкиот масакр кој е во тек во Џенин“.

Непотврдени извештаи на израелските медиуми велат дека повредена жена го изгубила своето неродено дете. Исламистичкото движење Хамас го опиша нападот во Тел Авив како „прв одговор“ на воената операција во Џенин.

Израел во понеделникот наутро започна операција во Џенин користејќи напади со беспилотни летала. Потоа следеа копнените сили и голем напад на бегалскиот камп во Џенин, каде живеат околу 17.000 луѓе. Кампот Џенин го населија палестински бегалци протерани од своите домови по израелско-палестинската војна во 1948 година.

Неколку илјади жители на кампот побегнаа во засолништа во понеделникот. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека во последните две години кампот Џенин станал „извор на тероризмот“, истакнувајќи дека оттаму се организирани повеќе напади против Израелците.

Според војската, целта на операцијата била уништување на „терористичката инфраструктура“ и лов на палестински милитанти. Уништени се неколку командни центри, магацини за оружје, капацитети за производство на оружје и засолништа на милитантите. Покрај тоа, уапсени се 30 осомничени, а сослушани се уште 300 лица.

Од почетокот на годината во палестински напади загинаа повеќе од дваесет луѓе. Во истиот период, израелските сили убија околу 150 Палестинци во судири, воени операции и напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ