петок, 26 јули 2024

Израел ја забрани Ал џезира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави денес дека „веднаш ќе делува“ за да ја забрани работата на катарската медиумска куќа Ал џезира во Израел откако Кнесетот ја одобри забраната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Терористичкиот канал Ал џезира повеќе нема да емитува од Израел. Веднаш ќе делувам во согласност со новиот закон за да ги сопрам активностите на каналот“, порача Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.

Кнесетот денес одобри мерка која овозможува привремено сопирање на работата на странските медиуми кои ќе се означат како закана за националната безбедност.

Законот одобрен денес ќе му овозможи на Нетанјаху и на владата да ја прекинат работата на медиуми на период од 45 дена, што може да се обнови по истекот на тој рок. Мерката ќе остане на сила до крајот на јули или до крајот на воените операции во Газа, пишува Ројтерс.

Ни редакцијата на Ал џезира во Израел ниту катарската влада во Доха не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар.

Израелскиот министер за комуникации Шломо Караи ја обвини Ал џезира, која известува директно од Појасот Газа и е критична кон израелското воено дејствување, дека поттикнува непријателство кон неговата држава.

Кажа дека е „невозможно да се толерира“ медиумската куќа која „одвнатре дејствува против Израел, особено во воено време“.

Израелските власти веќе долго се жалат на работата на Ал џезира, но се задржуваа на критики, имајќи ги предвид инвестициите на Катар во палестинските градежни проекти во Газа.

Нетанјаху во јануари повика на поголем притисок врз Катар за тие да извршат поголем притисок врз Хамас. Во Катар е сместен политичкиот кабинет на палестинското милитантно движење, како и повеќе негови функционери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ