„Тоа е моја грешка и ги одразува грешките на сите оние кои прават разузнавачки проценки“, рече израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби на брифингот со новинарите, пренесува агенцијата Франс прес.
„Навистина верувавме дека Хамас ја научи лекцијата од последната голема војна со Израел во 2021 година“, додаде Ханегби.
Тој одби да преговара за размена на заробеници со Хамас, велејќи: „Нема шанси да преговараме со непријателот за кој се заколнавме дека ќе го уништиме“.