сабота, 27 јули 2024

Израел ја губи поддршката дури и во сојузничките земји, расте меѓународниот притисок за крај на војната во Газа

Шест месеци по почетокот на војната во Газа убиството на група хуманитарни работници во израелски воздушен напад укажа на тешката хуманитарна криза и недостигот од стратегија за јасно излегување од конфликтот, што го прави Израел сè поизолиран, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот во понеделникот вечерта во кој беа убиени седум активисти на Светската централна кујна (ВЦК), вклучувајќи шест странци, разгневи дури и некои од најблиските сојузници на Израел. Од тогаш расте притисокот за прекин на воените дејства во Газа.

Израелската војска призна дека нејзините сили го извеле нападот „по грешка“ и се извини за „ненамерната смрт“ на седумте лица, меѓу кои се државјани на Британија, Австралија, Полска и САД.

Но, јавното мислење дури во традиционално пријателските земји како Британија, Германија и Австралија се врти против израелската војна во Газа, која почна по упадот на палестинската исламистичка група Хамас на 7 октомври.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој е под сè поголем притисок од сопствените поддржувачи да влијае врз Израел за да прекинат борбите, кажа дека е огорчен од нападот на хуманитарниот конвој.

По разговорот на Бајден со Нетанјаху синоќа Белата куќа побара „конкретни и мерливи чекори за намалување на штетата над цивилите“ и порача дека идната поддршка на Вашингтон ќе зависи од постапките на Израел.

Нетанјаху денес нареди повторно отворање на преминот Ерез во северна Газа и привремено користење на пристаништето Ашдод во јужен Израел, како и зголемен пристап на јорданската помош која доаѓа преку преминот Кермен Шалом во јужниот дел на Газа.

Газа е во урнатини, а повеќето од 2,3 милиони жители се протерани од своите домови и сега зависат од помош за преживување.

Дури и пред нападот на конвојот Израел беше дипломатски изолиран, додека Генералното собрание на Обединетите нации продолжува да повикува на хуманитарно примирје.

Премиерот Нетанјаху досега ги отфрлаше притисоците да ја смени политиката, инсистирајќи дека Хамас е егзистенцијална закана за Израел која мора да биде уништена пред воспоставување траен мир.

„Победата е на дофат. Многу е блиску и не постои замена за победата“, кажа тој вчера во Ерусалим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ