сабота, 27 јули 2024

Израел ја гранатираше зградата на службата за безбедност во близина на Дамаск: Осум сириски војници се ранети

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека осум сириски војници се ранети во израелски напад врз зграда на службата за безбедност во предградието на Дамаск.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека израелските сили го извршиле нападот од „окупираната Голанска висорамнина врз цел во близина на главниот град Дамаск и дека е причинета материјална штета“, пренесе државната новинска агенција Сана.

Неименуван извор од безбедносните кругови потврди за Ројтерс дека во израелскиот напад е погодена зграда во која дејствуваат сириските безбедносни сили.

На прашањето да ги коментира овие тврдења, израелската армија одговори дека не ги коментира извештаите на странските медиуми, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека Израел со години напаѓа цели во Сирија поврзани со Иран и дека од избувнувањето на војната во Појасот Газа на 7 октомври, ја интензивирал својата воздушна кампања во таа земја зафатена од војна.

Војната во Појасот Газа дополнително ги ескалира израелските напади врз позициите на либанската, проиранска милитантна група Хезболах преку јужната граница на Либан.

Неименуван безбедносен извор изјави за Ројтерс дека местото што вчера беше погодено во Сирија се наоѓа јужно од светилиштето Сејед Зејнаб, каде што се утврдени силите на Хезболах и иранските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ