недела, 21 април 2024

Израел ја бомбардира Рафа додека траат преговорите за прекин на огнот

Израел извршил нови воздушни напади на Рафа на југот на Појасот Газа, додека продолжуваат сложени преговори за прекин на огнот. Во бомбардирањето на Појасот Газа во последните 24 часа загинале 97 луѓе, според министерството за здравство на палестинската енклава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советникот на американскиот претседател за Блискиот Исток Брет Мекгурк треба да пристигне денес во Израел за да се обиде да ги извлече од ќорсокакот преговорите за прекин на огнот. Пред тоа го посети Каиро кој неделава го пости и лидерот на политичкиот одбор на Хамас Исмаил Ханија. Меѓународната заедница е загрижена за судбината на речиси милион и пол Палестинци кои се засолнети во Рафа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави копнена офанзива на тој град за да го порази Хамаа во неговото „последно упориште“ и да ги ослободи заложниците. Франс прес јави дека синоќа израелски авиони извршиле десетици напади на Појасот Газа.

Бомбардиран е и Хан Јунис, неколку километри северно. Нападната е болницата Ал Амала, јави палестинската Црвена полумесечина. Другата голема болница Насер израелската војска ја зазеде на 15 февруари.

„Ме разбуди силна експлозија, како земјотрес. Имаше чад, експлозии, прашина насекаде“, вели 21-годишниот Рами ал Шаер кој го преживеал нападот на Рафа. „Цела ноќ пукаа и напаѓаа со тенкови. Ја уништија Рафа. Бомбардирањата се секојдневни“.

Во израелската офанзива во Газа досега се убиени 29.410 луѓе, главно цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ