недела, 12 јануари 2025

Израел издаде нова наредба за евакуација на жителите на Нусејрат во централна Газа

Портпаролот на армијата Авичај Адраи на платформата Икс изјави дека палестинските борци истрелуваат ракети од областа и им нареди на жителите да се евакуираат во таканаречените хуманитарни зони во Ал-Муваси, пренесува Ал џезира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Терористичките организации повторно истрелуваат ракети од областа и покрај неколкуте предупредувања“, објави полковникот Адраи со мапа на делот на Газа каде што е наредена евакуација, пренесуваат израелските медиуми.

Според податоците на ОН, 80,5 отсто од таа палестинска територија е под активна наредба за евакуација.

Покрај тоа, околу 90 отсто од околу 2,3 милиони луѓе се раселени поради израелските напади, многу од нив повеќепати.

Околу милион раселени луѓе живеат во тесни импровизирани засолништа во нехигиенски услови во Ал-Маваси.

Иако Израел ја прогласи областа за безбедносна зона, таму редовно извршува напади.

Нападите врз Газа продолжија и денеска, бидејќи неколку десетици Палестинци беа убиени во саботата, вклучително еден болничар и осум лица во училиште, претворено во засолниште на северот, во Џабалија.

Бројот на загинатите Палестинци за време на војната во Газа надмина 46.000, а бројот на загинатите израелски војници достигна 402, вклучително и четворица убиени вчера на северот од палестинската енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ