сабота, 27 јули 2024

Израел испрати порака до Газа неколку минути пред почетокот на прекинот на огнот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Хуманитарната пауза е привремена“, рече Авичај Адрае, портпарол на израелските одбранбени сили, кој зборуваше на арапски.

„Северниот појас Газа е опасна воена зона и движењето кон север е забрането. За ваша безбедност, мора да останете во хуманитарната зона на југ“, им порача тој на жителите на Газа.

Четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа стапи на сила во 7 часот утринава, а попладне ќе бидат ослободени 13 заложници.

Катар, заедно со Египет и САД, посредуваа за договор за примирје врз основа на кој 50 заложници држени во Газа ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници во Израел.

Примирјето првично требаше да стапи на сила во среда, но беше одложено за денеска во 7 часот наутро, по локално време. Првото ослободување на заложниците, 13 жени и деца, се очекува околу 16 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ