сабота, 27 јули 2024

Израел и САД го отфрлаат сегашниот прекин на огнот во Газа: „Тоа ја зајакнува контролата на Хамас“

Израел и САД денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ги отфрлија повиците за итен прекин на огнот во Газа, пренесе Би-би-си. Израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, категорично ги отфрли повиците за прекин на огнот. Тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека „прекинот на огнот само ја зајакнува контролата на Хамас врз Газа“ и испраќа порака дека „на Хамас му е простено за намерно извршените злосторства“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој исто така рече дека „угнетувањето на населението во Газа од страна на Хамас“ добило „зелено светло на меѓународната заедница“. Ердан додаде дека „без воен притисок врз Хамас, ниту една дипломатија не може да гарантира ослободување на заложниците“. Американскиот претставник Роберт Вуд изјави на седницата дека САД не поддржуваат итен прекин на огнот.

„Иако Соединетите Држави поддржуваат траен мир, во кој и Израелците и Палестинците можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Ова само ќе го посее семето на следната војна, бидејќи Хамас не сака траен мир“, рече Вуд пред Советот за безбедност на ОН.

Соединетите Американски Држави се една од постојаните членки која има право на вето на резолуцијата. Советот за безбедност на ОН подоцна денеска ќе гласа за резолуцијата претставена од Обединетите Арапски Емирати, која повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот во Газа“. Соединетите Држави досега постојано се противеа на меѓународните повици за прекин на огнот и се очекува да гласаат против резолуцијата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Израел да стори повеќе за заштита на цивилите. Тој рече дека постои „јаз“ меѓу ветувањата и нивното спроведување на терен. Шефот на ОН, Антонио Гутереш, на седницата изјави дека насилството на Хамас „во никој случај“ не го оправдува „колективното казнување“ на Палестинците, барајќи од Советот за безбедност да одлучи за итен прекин на огнот.

Во многу краткиот текст се бара и заштита на цивилите, „итно и безусловно ослободување на заложниците“ и обезбедување на „хуманитарен пристап“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ