среда, 15 јануари 2025

Израел и Хамас договорија примирје

Страните се договорија за 42-дневно примирје, иницирајќи размена на затвореници и хуманитарна помош, според неколку медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, што ќе води кон окончување на нивниот 15-месечен конфликт во Газа, јавуваат неколку медиуми.

Договорот, со посредство на САД, Катар и Египет, вклучува 42-дневно примирје и размена на затвореници.

Според Ал Арабија, која се повикува на палестински извори, објавувањето на договорот за прекин на огнот во Газа ќе биде извршено во Каиро.

Извор информиран за разговорите за Би-би-си рекол: „Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по средбата на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија“.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, штотуку напиша на својата социјална мрежа Трут сошл: „ИМАМЕ ДОГОВОР ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК. ТИЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ НАСКОРО. ВИ БЛАГОДАРИМЕ!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ