недела, 20 октомври 2024

Израел: Хезболах се урива

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им кажа денес на припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) дека оперативците на Хезболах кои ги фатиле и испрашувале израелските сили се „преплашени“ и дека милитантната шиитска група „се урива“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Заробениците ни кажуваат што се случува, дека се преплашени бидејќи знаат дека го немаат тоа што е потребно да се носат со она што се случува, во смисла на сила, борбена готовност, прецизност или решителност. Целата оваа голема формација која ја викаат Хезболах се урива“, им кажа Глаант на трупите на 98-та дивизија на ИДФ, пренесува Тајмс оф Израел.

ИДФ минатата недела објави снимка од наводни припадници на елитните сили на Хезболах Радван, кои ги испрашувале за плановите на милитантната група во јужен Либан и за актуелната состојба на нивните операции.

„Преминуваме од ситуација да поразуваме непријателско село по село, до уништување на тунели и складишта на муниција и разбивање на Хезболах“, им кажа Галант на војниците.

Според него, на секое место каде Хезболах се подготвувал за напад на израелски пограничен град, сега има војници на ИДФ.

„Нашата цел е целосно да го исчистиме ова подрачје за израелските граѓани да можат да се вратат во своите домови и на своите животи“, кажа тој.

Десетици илјади жители на северот на Израел се раселени од почетокот на израелската војна во Појасот Газа, по што Хезболах секојдневно почна да го напаѓа северен Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ