сабота, 27 јули 2024

Израел: Хамас го отфрли предлогот за заложници, сака да ја искористи ситуацијата со Иран

Хамас го отфрли најновиот предлог за договор за враќање на израелските заложници и Израел ќе продолжи да ги остварува своите цели во Газа со полна сила, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на израелската разузнавачка служба Мосад, пренесено од канцеларијата на Нетанјаху, се вели дека отфрлањето на предлогот покажува дека Хамас не сака договор и се обидува да ги искористи тензиите со Иран и да доведе до регионална ескалација на конфликтот.

Последниот план за прекин на огнот беше ставен на маса од страна на посредниците во Каиро една недела претходно. Одбивањето на предлогот поднесен од трите земји посредници во преговорите – САД, Египет и Катар, покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар „не сака хуманитарен договор, ниту враќање на заложниците “, се вели во соопштението на Мосад.

Јахја Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран за да постигне ескалација во регионот, се додава во соопштението објавено неколку часа по невидениот напад на Техеран, кој лансираше стотици беспилотни летала и ракети кон Израел, без да предизвика значителна штета.

Израел „ќе продолжи да работи за да ги постигне целите на војната против Хамас со сите сили и ќе го преврти секој камен за да ги врати заложниците од Газа“, додаде Мосад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ