понеделник, 3 март 2025

Израел го запре влезот на стоки и залихи во Појасот Газа, Хамас тоа го смета за воено злосторство

Израелските власти објавија дека го прекинуваат влезот на стоки и залихи во Појасот Газа, критикувајќи го палестинското движење Хамас за отфрлањето на американскиот предлог за продолжување на прекинот на огнот до средината на април и се закануваат со „други акции“ доколку продолжи несогласувањето на Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи дека од утринава ќе биде суспендиран целиот влез на стоки и залихи во Појасот Газа“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Се додава дека Израел нема да прифати прекин на огнот без ослободување на заложниците и дека ќе има други дејствија во случај Хамас да истрае на своето одбивање.

Хамас реагираше веднаш, велејќи дека прекинот на испораката на стоки во Појасот Газа претставува „воено злосторство и кршење на договорот за прекин на огнот“.

„Одлуката на Нетанјаху да ја прекине хуманитарната помош е гнасна уцена, воено злосторство и флагрантно кршење на договорот за прекин на огнот“, рече Хамас, повикувајќи ги посредниците и меѓународната заедница да извршат притисок врз Израел.

Договорот за прекин на огнот стапи во сила на 19 јануари, по 15 месеци разорна војна во Газа, а денеска истече рокот за првата фаза од договорот за прекин на огнот.

Втората фаза треба целосно да ја запре војната во Газа, да обезбеди повлекување на израелските сили и враќање на преостанатите заложници.

Сепак, двете страни сè уште не постигнале договор за втората фаза, додека САД предложија да се продолжи првата фаза до средината на април, што Израел го прифати, а Хамас го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ