сабота, 27 јули 2024

Израел: Го уништивме најголемиот тунел на Хамас досега, имаше неколку краци (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас досега откриен во Појасот Газа, пишува дпа.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тунелот со неколку краци, пронајден на северот на крајбрежната област во средината на декември минатата година, во последните недели беше истражуван и уништен, објави израелската војска.

Војската објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесени, а војската фрла бетон на други делови.

Тврдењата не се независно потврдени, пишува дпа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека возила можеле да поминат низ тунелот, кој се протегал повеќе од 4 километри и бил длабок повеќе од 50 метри.

Тунелскиот систем се наоѓа на 400 метри од граничниот премин Ерез меѓу Израел и Газа, но не се проширувал на израелска територија, соопшти ИДФ.

ИДФ тврди дека системот го изградил Мухамед Ал Синвар, братот на Јехја Ал Синвар, кој ја предводи милитантната палестинска организација Хамас во Појасот Газа. Според извештаите на израелските медиуми, тунелот води до Џабалија, бегалска населба во северниот дел на Газа, која се смета за упориште на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ