Во тој резиденцијален кварт, кој е под засилени мерки на безбедност, се наоѓаат бројни ирански културни центри, и е во близина на утврден комплекс кој го користат безбедносните агенции. Во израелски напад во февруари 2023 во тој кварт беа убиени ирански воени експерти.
Агенцијата САНА јави за израелскиот напад на станбениот кварт, објавувајќи снимки од погодена повеќекатница. Државните медиуми објавија дека жртвите се цивили.
⚡️#SYRIA : #Israel-i bombing targets an apartment in a residential building in the Kafr Sousse neighborhood in the capital, #Damascus. pic.twitter.com/Zjb7QPnkjq
— Middle East Observer (@ME_Observer_) February 21, 2024
Иран е еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад во 12-годишната граѓанска војна. Израел смета дека има право со воздушни напади да ја ограничува моќта на Иран надвор од неговите граници, особено поради поддршката на Дамаск и либанската шиитска група Хезболах.
Тие воздушни напади се причина за сè поголеми тензии во регионот.
Иран, кој го поддржува и палестински Хамас, избегнува директно вмешување во израелската војна во Газа, но ги поддржува своите сојузници во Либан, Јемен, Ирак и Сирија, односно „оската на отпорот“ против американските интереси во регионот.