недела, 19 мај 2024

Израел го почна нападот на Рафа (ВИДЕО)

Израел ја почна големата воена офанзива против силите на Хамас во Рафа, најјужниот град во Појасот Газа. Израелските сили ја преземаа контролата над граничниот премин во Рафа, со што е пресечена клучната рута преку која пристигнуваше помошта во Газа која е на раб на хуманитарна катастрофа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимките кои ги објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ) се гледаат тенкови со големи израелски знамиња како го кршат бетонскиот натпис „Ја сакам Газа“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант кажа дека офанзивата ќе продолжи сè додека трупите на Хамас во Рафа „и целиот Појас Газа“ не бидат „елиминирани“ или додека исламистичката група не почне да ги ослободува израелските заложници.

„Ова е почетокот на нашата мисија за уништување на последните четири бригади на Хамас во Рафа. Не треба да се сомневате во тоа“, кажа портпаролот на владата.

Претставникот на Хамас Осама Хамдан порача денес дека никаков прекин на огнот нема да има ако продолжи израелската агресија на Газа. Хамдан ова го кажа на конференција за новинарите во Бејрут.

„Тврдиме дека воената операција во Рафа, ако Израел ја спроведе, нема да биде пикник за израелската војска. Топката е на страната на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, кажа тој.

„Преминот Рафа бил и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин“, додаде Хамдан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ