сабота, 27 јули 2024

Израел го осуди признавањето на Палестина од страна на Словенија

Израелското Министерство за надворешни работи ја осуди денешната одлука на Словенија да ја признае независната палестинска држава.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи на Израел, изјави дека одлуката, која ќе оди на одобрување во словенечкиот парламент, е награда за Хамас за убиства и силувања. Во изјавата Кац вели дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенечкиот и израелскиот народ“.

„Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли оваа препорака“, додаде тој.

Словенечката влада денеска објави дека им се придружува на европските земји кои ја признаваат палестинската државност.

Премиерот Роберт Голоб рече дека неговата влада се согласила со одлуката да ја признае Палестина и најверојатно ќе ја достави мерката до парламентот на конечно одобрување следната недела, објави новинската агенција СТА.

Словенија го следи патот на Ирска, Норвешка и Шпанија. Тие земји официјално ја признаа независна Палестина на почетокот на оваа недела. Шведска го направи тоа пред десет години.

Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ