петок, 26 јули 2024

Израел го одобри планот за напад на Рафа

Израел одобри потенцијален напад врз градот Рафа во Појасот Газа, но во исто време планира да испрати втора делегација во Катар за да преговара за евентуален договор за прекин на огнот со исламистичката милитантна група Хамас во замена за ослободување на заложниците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој го одобрил планот за напад на градот во најјужниот дел на опустошената палестинска енклава, каде што повеќе од половина од нејзините 2,3 милиони жители се засолнети по петмесечни борби.

Глобалните сојузници и критичари го повикаа Нетанјаху да го одложи нападот на Рафа поради страв од масовни цивилни жртви. Но Израел тврди дека тоа е едно од последните упоришта на Хамас, кое вети дека ќе го уништи и вели дека жителите ќе бидат евакуирани.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека Вашингтон не видел план за напад на Рафа, но би сакал да го види. На редовниот брифинг тој рече дека е изводлив предлогот на Хамас за примирје во замена за ослободување на заложниците и претпазливо изрази оптимизам.

Хамас им претстави на посредниците и на Соединетите Држави предлог за договор за прекин на огнот во Газа, кој вклучува ослободување на израелските заложници во замена за слобода на палестинските затвореници, од кои 100 отслужуваат доживотна казна, според предлогот што го видел Ројтерс.

Според соопштението од канцеларијата на Нетанјаху за планот за напад на Рафа, барањата на Хамас за ослободување на заложниците остануваат нереални, но сепак израелска делегација ќе замине во Доха откако безбедносниот кабинет ќе разговара за својот став.

Израелските одбранбени сили „се подготвуваат оперативно и за евакуација на населението“ од градот Рафа, се наведува во соопштението. Во соопштението не се споменува временска рамка, ниту пак се појавија докази за дополнителни подготовки на теренот.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен им рече на новинарите во Австрија дека САД треба да видат јасен и остварлив израелски план за Рафа, кој ќе ги заштити цивилите од опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ