петок, 27 декември 2024

Израел го нападна Бејрут неколку часа по разговорот на Нетанјаху со Трамп

Израел рано утринава повторно го нападна јужен Бејрут, неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговараа за „иранската закана“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер беше еден од првите светски лидери што му честитаа на Трамп, нарекувајќи го неговиот реизбор „најголемото враќање во историјата“.

Во телефонскиот разговор, двајцата „се договорија да работат заедно на безбедноста на Израел“ и „разговараа за иранската закана“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху. Недолго потоа, израелската војска почна напади врз главното упориште на Хезболах во јужен Бејрут, при што на снимките на АФП се гледаат портокалови блесоци и облачи од чад над густо населеното предградие.

Еден час претходно израелската армија ги повика жителите да се евакуираат, пренесе АФП.

Цели на најмалку два израелски напади беа четири населби за кои смета дека се упоришта на проиранското движење Хезболах.

На сликите објавени од АФП се гледаат облаци од чад над јужен Бејрут, а очевидци пријавија силни детонации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ