сабота, 27 јули 2024

Израел го критикуваше шефот на ОН поради изјавата за Хамас и повика на негова оставка

На состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, генералниот секретар Антонио Гутереш изјави дека „нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври“ во кој беа убиени 1.400 луѓе „не се случил во вакуум“. Овие зборови предизвикаа бурна реакција од Израел.

Објавено на

часот

Сподели

„Палестинскиот народ е изложен на задушувачка окупација веќе 56 години“, рече Гутереш според израелскиот весник Хаарец, пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН во вторникот, откако Министерството за здравство предводено од Хамас во Газа објави дека повеќе од 700 Палестинци биле убиени во 24 часовните израелски воздушни напади, највисок дневен број на загинати од почетокот на бомбардирањето.

„Гледаа како нивната земја постојано им се одзема со населби и беше измачувана од насилство. Нивната економија задушена. Нивното население раселено и нивните домови уништени. Нивните надежи за политичко решение на нивната мака исчезнаа“, додаде тој.

„Но, поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас. И тие ужасни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, истакна тој.

Неговите зборови предизвикаа бурна реакција кај амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан кој побара од Гутереш да поднесе оставка.

„Нема никакво оправдување или смисла да се разговара со оние кои покажуваат разбирање за најстрашните злосторства извршени врз граѓаните на Израел од декларирана терористичка организација“, рече Ердан на X, поранешен Твитер.

„Го повикувам Гутереш веднаш да поднесе оставка“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ