вторник, 22 октомври 2024

Израел го бомбардира југот на Газа

Офанзивата на Израел останува насочена на југот на Газа додека највисокиот американски дипломат Ентони Блинкен е на турнеја по Блискиот Исток и се обидува да договори примирје во четиримесечната војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел тврди дека неговите сили убиле десетици палестински милитанти во Газа во последните 24 часа, а борбите се насочени на градот Кан Јунис на југот на енклавата.

Американскиот државен секретар Блинкен се упати во Каиро откако вчера беше во Саудиска Арабија во својот најнов обид за смирување на ситуацијата на Блискиот Исток.

Палестинците се надеваат дека ќе постигнат примирје пред израелските сили да ги нападнат јужните рабови на Газа каде засолниште побараа повеќе од милион палестински бегалци.

Вашингтон бара договор кој би обезбедил ослободување на преостанатите заложници кои Хамас ги грабна во упадот во јужен Израел на 7 октомври. САД тоа го сметаат за клучно за постигнување напредок во решавањето на пошироките предизвици како управувањето со повоена Газа.

Катарски и египетски посредници му доставија на Хамас минатата недела понуда за примирје. Сега се чека одговор од милитантната група која порача дека сака дополнителни гаранции дека ќе сопре нападот на Израел на Газа.

Министерството за здравство на Газа објави денес дека се убиени најмалку 27.585 Палестинци во израелската копнена и воздушна офанзива, а се стравува дека уште илјадници се затрупани под урнатините во густо населената енклава. Околу 100 се убиени во последните 24 часа, соопшти министерството. Израел објави дека 226 негови војници загинале од почетокот на офанзивата.

Израелските сили денес продолжија да го напаѓаат Кан Јунис, кој е во фокусот на офанзивата со недели. Бомбардираа цели од земја и воздух во текот на ноќта, пренесува Ројтерс.

Израелски тенкови и авиони продолжиле со напади и опсада на подрачјата околу главните болници на Кан Јунис – Насер и Ал Амал. Израелската војска ги обвинува борците на Хамас дека ги користат болниците како засолниште, но без какви било докази.

Рафа, последното палестинско засолниште на југот во близина на границата со Египет, е исто така мета на израелски воздушни напади и гранатирање.

Борбите се обновени и во градот Газа два месеци откако Израел кажа дека го контролира тоа подрачје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ