четврток, 16 јануари 2025

Израел ги засили нападите врз Газа по објавениот договор за примирје, најмалку 25 мртви

Израел ги засили нападите врз Газа неколку часа по објавувањето на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопштија жителите и властите во палестинската енклава, при што загинале десетици луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот на Ал џезира, Анас ал Шариф, од северниот дел на Газа, рече дека зад нив е „застрашувачка ноќ“.

„Темпото на бомбардирање драстично се зголеми во изминатите неколку часа, а со тоа и бројот на шехиди (маченици) и ранети достигна невидени размери“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Тој се сними себеси пред импровизирана мртовечница со тела во заднината, меѓу кои имало и неколку мали деца.

„Пред еден час ја пренесов радоста на жителите на Газа поради веста за прекинот на огнот, но израелската окупација, како и обично, продолжува да врши масакри“, додаде тој.

Друг известувач на Ал џезира, Хосам Шабат, исто така од северна Газа, извести за „интензивни напади“, додавајќи: „Како повторно да ги преживуваме првите денови на израелската агресија“.

Лекари на кои се повикува Ројтерс соопштија дека 32 лица загинале доцна во средата. Нападите продолжија во четвртокот, уништувајќи куќи во Рафа во јужна Газа, Нусејрат во централна Газа и во северна Газа, рекоа жители.

Израелската војска веднаш не ја коментираше ситуацијата, а нема информации за напади на Хамас врз Израел по објавувањето на прекинот на огнот.

На окупираниот Западен Брег, каде што Израел, исто така, ги засили нападите по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, шест Палестинци беа убиени, а двајца други беа тешко повредени во средата вечерта во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џенин, јави палестинската новинска агенција Вафа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ