сабота, 27 јули 2024

Израел ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Турција

Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција веднаш штом е можно имајќи ја предвид нивната лична безбедност, кажа за Франс прес израелскиот конзулат во Истанбул, наведувајќи го како причина „јакнењето на терористичките закани“ за нивните граѓани во странство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, безбедносната закана за израелските патници во Турција „е крената на 4-ти највисок степен“.

„Имајќи го предвид постојаниот пораст на терористичките закани против Израел во странство, сите Израелци кои престојуваат во Турција мора што побрзо да заминат“, предупреди израелскиот Национален совет за безбедност во официјално соопштение.

Синоќа беа организирани протести пред израелскиот конзулат во Истанбул и пред амбасадата во Анкара откако беше ракетирана болницата во Газа, при што беа убиени повеќе стотици цивили, пациенти и палестински бегалци.

Израел и Палестинците меѓусебно се обвинуваат за ракетирањето кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го припиша на Израелците осудувајќи го „најновиот пример на израелски напади лишени од секаква човечност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ