сабота, 27 јули 2024

Израел ги извести ОН дека нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа

Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини, на 24 март напиша дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да им дозволува на конвоите со храна на агенцијата да минуваат низ северниот дел на Газа, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Газа: од денес, УНРВА, главниот спас за бегалците од Палестина, не може да обезбеди помош за спасување на северот на Газа.

И покрај трагедијата што се одвива пред наши очи, израелските власти ги информираа ОН дека повеќе нема да дозволуваат никакви конвои со храна на северот.

Ова е срамота. Тоа е намерна опструкција на животоспасувачката помош среде вештачки предизвиканиот глад. Овие ограничувања мора да се укинат“, рече Лазарини во објавата на социјалната мрежа Икс.

Тој предупреди дека спречувањето на УНРВА да го исполни својот мандат ќе доведе до тоа луѓето во Газа да умрат од глад, дехидрација и недостиг од безбедно засолниште.

„Овие ограничувања мора да бидат укинати“, рече Лазарини.

„УНРВА е најголемата организација со најголем дофат до раселените заедници во Газа.

Со спречување на УНРВА да го исполни својот мандат во Газа, часовникот кон гладот ќе отчукува побрзо и многу други ќе умрат од глад, дехидрација + недостатиг од засолниште.

Ова не смее да се случи, само би ја извалкало нашата колективна хуманост.“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ