Израелските медиуми објавија дека израелскиот амбасадор при ОН Гилад Ердан за воено радио изјавил: „Поради неговите изјави, ќе одбиеме да издадеме визи на претставниците на ОН. Веќе одбивме виза за пот-генералниот секретар за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Дојде време да им одржиме лекција“.
Израел го повика генералниот секретар на ОН Гутереш да поднесе оставка откако тој рече дека „ужасните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, тој зборуваше и за „јасното кршење на меѓународното хуманитарно право на кое сведочиме во Газа“, и рече дека нападот на Хамас следел по окупацијата која ги задушува Палестинците веќе 56 години.
Гутереш рече: „Ништо не може да го оправда намерното убивање, ранување и киднапирање на цивили – или лансирање ракети врз цивилни цели. Сите заложници мора да бидат третирани хумано и веднаш и безусловно да бидат ослободени“.
Обраќајќи се пред ОН, генералниот секретар тогаш рече дека нападот врз Израел „не се случил во вакуум“ и следел по „56 години задушувачка израелска окупација“ на палестинскиот народ, додавајќи: „Тие гледаа како нивната земја постојано е зафатена со насилство. Нивната економија задушена. Нивните луѓе раселени и нивните домови уништени. Нивните надежи за политичко решение на нивната мака исчезнати“.
Амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан изјави дека Гутереш треба да поднесе оставка. Тој го нарече говорот шокантен и рече дека на „масакрот извршен од нацистичките терористи на Хамас гледа на искривен и неморален начин“.