сабота, 27 јули 2024

Израел до своите граѓани: Избегнувајте патување на Малдиви

Малдивите најавија дека ќе го забранат влезот во земјата за сопствениците на израелски пасоши поради израелската војна против Хамас во Газа, соопшти вчера за медиумите претседателската канцеларија на островската држава во Индискиот Океан, позната по своите луксузни одморалишта и бескрајните бели песочни плажи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Малдивите Мохамед Муицу одлучи да ја воведе забраната по препорака на владата, се вели во соопштението. Законите во земјата ќе бидат изменети, а ќе се формира владин поткомитет кој ќе ги надгледува овие напори, соопштија од кабинетот на претседателот, пишува Си-ен-ен.

По веста за забраната, израелското Министерство за надворешни работи им препорача на Израелците да избегнуваат патување на островот, а „на израелските граѓани кои престојуваат во земјата им се советува да размислат да заминат, бидејќи ако западнат во неволја од која било причина, ќе биде тешко да им се помогне“.

Претседателот Муицу, исто така, ќе назначи специјален пратеник за да ги процени палестинските потреби и ќе воспостави кампања за собирање средства за „помош на малдивските браќа и сестри во Палестина“. Муицу ќе одржи и национален митинг под слоганот „Малдиви во солидарност со Палестина“.

Веста доаѓа само неколку дена откако претседателот на Малдиви го осуди израелскиот воздушен напад врз кампот за раселени лица во Рафа, во кој загинаа најмалку 45 Палестинци, а повеќе од 200 беа ранети. „Заедно со владата и народот на Малдивите, повикувам на итен прекин на огнот, крај на насилството и непречен хуманитарен пристап“, објави тој тогаш на мрежата Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ