четврток, 26 декември 2024

Израел денеска повеќе од 100 пати ги гаѓаше силите на Асад во Сирија

Израел денеска ги нападна силите на соборениот сириски претседател Башар ал Асад повеќе од 100 пати, вклучително и истражувачки центар во Дамаск, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во нападите се уништени десетици авиони, хеликоптери и друга опрема во најмалку три бази на сириската армија.

Погодени беа воздухопловната база Камишли во североисточна Сирија, базата Шиншар во пределите околу Хомс и аеродромот Акрба југозападно од Дамаск, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, се слушнаа серија експлозии во различни предградија на Дамаск, каде што Израел гаѓа објекти поврзани со иранско и сириско производство на ракети и хемиско оружје, како и центар за електронско војување во предградието Саједа Заинаб.

Рами Абдел Рахман, претседател на Сириската опсерваторија за човекови права, рече дека Израел сака да ги уништи „воените капацитети“ на Асад, кој беше соборен во неделата од бунтовниците од неколку исламистички групи.

Во писмо до 15-члениот совет за безбедност на Обединетите нации, кој се состана во понеделникот попладне за да разговара за случувањата во Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад во неделата, Израел инсистираше дека неговите акции се „ограничени и привремени мерки“ за заштита на сопствените граѓани, особено во Голанската висорамнина, која граничи со Сирија.

„Израел не интервенира во тековниот конфликт меѓу сириските вооружени групи; нашите активности се насочени исклучиво кон заштита на нашата безбедност“, напиша амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ