сабота, 27 јули 2024

Изминатото деноноќие регистрирани се 11 пожари на отворено, активен е уште еден

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од 11-те пожари на отворен простор активен е уште е еден, во Општина Македонск Брод. 

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот што избувна вчера во општина Македонски брод е над село селото Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки.Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенираа три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод“, информираа од ЦУК.

Другите 10 изгаснати, од вкупно 11-те пожари во последното деноноќие биле во општините Општина Чашка, кај село Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат), Општина Арачиново, кај село Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште), Општина Гази Баба, покрај Булевар „16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација), Општина Центар, покрај улица „Самуилова“ (запалено дрво), Општина Прилеп, кај село Врбјани (ниска вегетација), Општина Чешиново – Облешево, два пожари, кај село Облешево (стрниште) и кај село Уларци (стрниште), Општина Куманово, село Речица (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричане, два пожари, кај село Пелинце (отпадоци) и кај село Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ