недела, 12 јануари 2025

Изминаа седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина (БиХ).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце.

Припадници на воздухопловниот ВИНГ ќе положат свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната Страшо Пинџур во Петровец.

Во хеликоптерската несреќа, пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ