понеделник, 13 мај 2024

Измените во Законот за рестриктивни мерки пак на разгледување пред министрите

Владата ги повлекла од Собрание предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки со кои црните листи на САД и Обединетото Кралство би станале дел од домашниот правен поредок.

Објавено на

часот

Сподели

Владата соопшти дека измените се повлечени од собраниска процедура од административни причини.

„Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието“, соопштија од Владата.

Претходно Владата соопшти дека измените на владина седница едногласно ги усвои измените за овој закон. Потоа од Министерството за правда за МКД.мк информаираа дека нивниот став за зимените е негативен и тие не се повлекоа од тој став. И сегашниот технички премиер изјави дека е против измените, како и голем дел од екпсертите. Тие оценија дека предлогот на Владата не е во согласност со Уставот и казненото право.

Овие измени претходниот премиер Димитар Ковачевски ги потпиша последниот ден пред да поднесе оставка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ