четврток, 26 декември 2024

Измените во Законот за игри на среќа нова тема за партиски препукувања

По денешниот обид на претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми од редовите на ДУИ, тајно да го внесе на дневен ред предлог-законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа, со остра реакција се појави пратеникот и претседател на  Демократско Движење, Изет Меџити. Правите бесплатен театар, да не ја отворевме јавно оваа тема како албанска опозиција, аферата за 4 нови ланци за интернет игри на среќа, немаше ни со прст да мрднете за законските измени кои се закочени 6 месеци во Собранието’, изјави Меџити.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ, вели Меџити, е ортак на бизнисот со казина и преку онлајн игрите на среќа ги внесе казината во нашите домови, со единствена цел да се збогатат. До каде оди вашата алчност за пари? Тендерите не ви беа доволни, па сега сакате да го исцедите и последниот денар од граѓанит, кои што ги донесовте на маргините на постоењето, рече Меџити.

Претседателот на Демократското движење, го нарече смешно растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти и најави дека ДД ќе поднесе амандман сите казина да бидат на 3 километри од населените места.

Пратеникот и потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии се обидуват да го блокираат усвојувањето на Законот за игри на среќа. 

Тој соопшти дека со законското решение се предвидува казината, обложувалниците и другите објекти на среќа да се оддалечени 500 метри од основните и средните училишта. Посочи дека се предвидуваат и построги критериуми за добивање лиценца и отворање на вакви објекти. 

Потсети дека во 2021 година Владата доставила предлог- закон за игри на среќа, а на матичната Комисија за финансирање и буџет никогаш не бил разгледан затоа што е раководен од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој Закон не виде бел ден за да се дискутира, за да се одлучи врз основа на аргументите, но на некому му пречи донесувањето на вакво законско решение. Алијанса за Албанците пред повеќе од една година достави предлог-закон за игри на среќа, но до ден денес не е разгледан во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа сакаат да го направат и со Комисијата за европски прашања“, рече Адеми. 

И Законот за игри на среќа ќе се носи со европско знаменце.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека вицепремиерот Груби, кој изминатата година има потпишано 4 одлуки за интернет и видео лотарии, сега брза да се донесе закон со кој ќе се прикријат незаконитостите.   

„Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконски, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во коишто во управните и надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби“, рече Милошоски.

Опозицијата денеска спречи овој закон да се најде на седница на собраниската Комисија за европски прашња. 

Остра реакција денеска пристигна и од Асоцијацијата на спортски обложувалници кои најавуваат масовни протести ако пратениците го донесат Законот за игри на среќа.

„Со овој предлог закон Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра. Целото ова смислено сценарио на Владата оди во една јасна насока, а тоа е дека станува збор за договорено сценарио со цел да се нанесе силен удар на домашните приредувачи на игри на среќа и да се отвори пазарот за странски однапред договорени компании“, регагираат од Асоцијацијата на спортски обожувалници (АСОМ).

Од Државна лотарија пак, вчера преку соопштение објаснија дека во тек е транспарентна и законска постапка за избор на фирми кои ќе добијат договор за заедничко вложување во интернет игрите за среќа во кои тие ќе имаат доминантно учество. На овој начин Државна лотарија ќе ја преземе контролата над интернет игрите на среќа за да ги заштити граѓаните од неконтролирано играње на странски платформи и наместо одлив во странство, приходите да одат во македонскиот буџет.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ