сабота, 27 јули 2024

Измените во КЗ го укина и 16-години стариот случај „Змиско око“

И 16-години стариот случај „Змиско“ око застаре по измените во Кривичниот законик. Во 2007-та година 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле повеќе од еден милион евра.

Објавено на

часот

Сподели

38 обвинети, главно инкасатори на наплатните рампи, најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета по сите можни основи.

Апелацискиот суд досега три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди. Досега се одржале повеќе од 130 рочишта.

Спектакуларното апсење на овие луѓе со специјалци почна во ноември 2007 година и траеше неколку дена, а тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред јавноста тогаш истакна дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција досега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ