сабота, 27 јули 2024

Измените во Кривичниот законик го застареа и предметот против Димовски и Талевска

Уште еден предмет застаре по последните измени во Кривичниот законик. И случајот „Продуцент“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, по донесените измени во Кривичниот законик застарува.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик. Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење“, објави Коалицијата за правично судење.

Димовски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Талевска за помагање во спорниот договор од околу 50.000 евра на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со „Смарт центар“ за изработка на телевизиски прилози кои беа емитувани во емисијата „Боја на парите“ на ТВ Сител во периодот 2009-2010 година, каде водител беше Талевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ