сабота, 27 јули 2024
Претседателот на Кривичниот суд тврди

Изменетиот Кривичен законик ќе ослободи 197 обвинети, а не по вина на судот, вели Џолев

Не е вината на судството што застаруваат клучни предмети, туку измените на Кривичниот законик, вели претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и нагласува дека статистиката на судот вели дека поради измените под закана за заастаруање се процесите за дури 197 обвинети лица за злоупотреба на службената положба.

Објавено на

часот

Сподели

„Со проста математика може да се увиди дека тука не станува збор за судски процеси, пред се на СЈО, кои траат пет, седум или десет години, туку тие во просек траат пет години и десет месеци. ќе повторам дека речиси сите предмети, освен три, се завршени во по една, а некои во две постапки, откако биле вратени од Апелација. Затоа тврдам и апелирам, прстот не треба да се вперува во судството“, рече Џолев.

Тој додаде дека во 36 предмети за 197 обвинети се води постапка според член 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластувања, а кои се под закана за застарување. Од таа бројка 38 се обвинетите во предметот „Змиско око“:

Колку од процесите ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направат обвинителите, а Џолев нагласува дека при носењето на измените во Кривичниот законик требало да се има предвид дека дел од предметите биле во финалната фаза.

Штетите по државниот буџет за предметите кои ќе застарат, а обвинетите ќе куртулат, ќе бидат големи, рече Џолев на брифингот со новинарите, истакнувајќи дека највисока стапка ќе бидат адвокатите, кои имаат тарифи за едно рочиште од 1.000 па до 1.500 евра. Во некои судски предмети имало десетици, па и сто рочишта, нагласува претседателот на Кривичниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ