петок, 17 јануари 2025

Измамник кој се претставувал како Бред Пит сега го користи идентитетот на Кијану Ривс

Измамник од Нигерија кој претходно измамил Французинка и ѝ зел 800.000 евра преправајќи се дека е актерот Бред Пит, сега се претставува како холивудскиот актер Кијану Ривс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Измамникот користел лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција и романтични пораки за да ја добие довербата на своите жртви, меѓу кои била и 53-годишната Ен, дизајнерка на ентериери од Франција, пренесува британски Сан.

Ен му испратила на измамникот големи суми пари, верувајќи дека го финансира лекувањето на Пит од рак.

Тој користел слики од холивудската ѕвезда во болнички кревет, како и лажни лекари кои ја информирале Ен за наводните критични здравствени проблеми.

Иако случајот е пријавен и истрагата е во тек, Платформата Пронајди го мојот измамник откри дека истиот измамник сè уште користи лажни идентитети за да продолжи со измамите, сега претставувајќи се како – Кијану Ривс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ