сабота, 27 април 2024

Измамници лажеле дека се од хуманитарната организација „Свети спас“ и барале пари за болни деца

Со лажни картички на кои стои името на хуманитарната организација  „Свети спас“ која е именувана по црквата во Драчево, измамници бараат пари и собираат донации за хендикепирани деца. Но, парите кои ги бараат воопшто не се за хумана мисија бидејќи денес организацијата објави дека овие лица воопшто не се нивни членови и дека донациите се лажни.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Вака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група. Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија некаде кај Универзална сала. Благодарност до поддржувачот што ни ги даде овие информации“, објавија од хуманитарната организација „Свети спас“.
Од таму информираат дека случајот е пријавен во полицијата и апелираат граѓаните да не наседнуваат на вакви измами зад кој стојат групи кои лажно собираат пари, а не нивната организација.
Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел да им помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност, политичка определба и т.н. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, обувки, реновирање и изградба на домови, помагање за собирање средства за операции и т.н.
Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на преку 240 семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и т.н.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ