четврток, 26 декември 2024

Измамен скопјанец, дал 800 евра на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен за сума од 800 евра.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, според пријавеното, измамата се случила на 1 ноември 2024 година кога лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи, за што му ги побарал парите.

Оштетениот откако ги дал парите, забележал дека телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ